Животна училница // Приказни
„КОГА САМОХРАНА МАЈКА ПЛАЧЕ, ИЗВРШИТЕЛОТ ВЕЛИ: НЕ СУМ ТИ ЈАС СОЦИЈАЛНА СЛУЖБА“ - Глигорова бара реакција од Обвинителството
Ана Глигорова, активистка за човекови права, излезе со жестока критика до извршителите, но и со повик до Јавното обвинителство, што побрзо да ги процесуира кривичните пријави од граѓани, но и од компании, кои се покренати против дел од извршителите во земјава.
„Обвинителство соодветно да реагира по допрен глас, но и за веќе пуштените кривични пријави од физички и правни лица против извршителите кои спијат во фиока. Толку кршење на закон, дискриминација на бремени жени, самохрани мајки и татковци, возрасни неподвижни луѓе, инвалиди, ...на кои им се блокирани сметките или им се одзема огромна виртуелна сума од плата или пензија.