Здравје // Диета
Кога треба да јадете за да го намалите вишокот на килограми
Истражувачите тврдат дека нарушувањето на сонот и исхраната е една од причините за дебелеење.
Затоа е важно не само да контролираме што јадеме и колку јадеме, туку и кога јадеме. Според новите експерименти во Америка, испитаниците биле поделни во групи да јадат меѓу 15 часа дневно, 14 часа дневно и 10 часа дневно.
Најдобри резултати имала последната група, која изгубила вишок на килограми, подобро спиеле и имале повеќе енергија.
Така да, ако доручкувате во 8 ч наутро, немој да јадете после 18ч, а бројот на калории може да остане ист.