Кои Македонки се кралици на Инстаграм: Тие имаат свои армии

Добивај вести на Viber

Социјалните мрежи се нераскинлив дел од нашето секојдневие. Да си признаеме, стануваме, уште нерасонети се фаќаме за телефонот и започнуваме со скролање. Да видиме што се случило, што има ново, да не случајно сме пропуштиле нешто важно.

Пред повеќе од 10 години започна со работа социјалната мрежа Инстаграм, а според статистките до сега се споделени над 50 билиони фотографии и видеа на оваа платформа. А, и нивниот број секојдневно расте, околу 95 милиони фотографии и видеа се прикачуваат на дневно ниво.

И најмалите и највозрасните - сите користат социјални мрежи, некои за забава, некои за да бидат во тек со настаните, но има и такви кои имаат голем број на следачи и поддржувачи на нивната работа.

Да, тие го добија името инфлуенсери. Денес, инфленсерството може да биде многу сериозна професија и од неа се заработува повеќе од солидно. Кај нас во Македонија, инфлуенсерите признаваат дека се заработува, но ниту приближно како цифрите коишто ги заработуваат светски познатите ѕвезди.

„Срчнавме“ по Инстаграм и забележавме дека неколку наши дами имаат над 80.000 следбеници, а само една од нив е на врвот. Таа има приближно 200.000 следбеници. 

Водителката Лила Филиповска го држи врвот на инфлуенсерството кај нас. Таа е дама која многупати покажала дека знае што сака, како да се негува и жена со цврст став.


Лила има 49 години, но годините не ѝ можат ништо, таа изгледа одлично. Познатата водителка на шоуто „Се или нешто“ е активна на социјалните мрежи и редовно постира фотографии и видеа. 


Пејачката Елена Ристеска е на второто место по бројот на следбеници на Инстаграм. Ристеска особено е активна на оваа платформа по најавата, промоцијата и по продажбата на нејзината линија на парфеми „ЕРА“.

Таа периодов повеќе постира фотографии и видеа од нејзината фирма и производите коишто ги нуди „ЕРА“, а поретко споделува лични фотки и видеа.


Во топ три, инфлуенсери со најголем број на следбеници се најде и водителката и манекенка Марјана Станојковска. Атрактивната лото девојка има близу 100.000 следбеници.


Нивните соработки секојдневно растат, бидејќи токму на социјалните мрежи е секој од нас, таму е најлесно да се стигне до саканата публика.

Инфлуенсерите по еден или по друг начин влијаат врз општеството, особерно врз помладите генерации коишто се во фаза на изградба на својата личност, тие ги диктираат модните трендови, рекламираат призводи, им помагаат на многумина со нивните објави. 

Многу други наши познати пејачки, водителки, манекенки, се со помал број на следбеници, но и тие имаат удел во диктирањето на модата, животниот стил или трендовите.

Овде би ги споменале и неколкуте мајки блогерки-инфлуенсерки кои секојдневно постираат искуства и предизвици со нивните малечки.


Р.Ж.М.