Кои се тајните на младешкиот изглед на Јелена Розга? Пејачката денес полни 47 години, со овие трикови изгледа како да има 27

Добивај вести на Viber

Јелена Розга откри како на прагот на педесетитете успева да го одржи лицето, косата и фигурата беспрекорни.

Една од најпопуларните пејачки на овие простори Јелена Розга денеска го слави својот 47 роденден.

Покрај беспрекорниот глас и заразната енергија, убавата сплиќанка со години ги освојува срцата на публиката и со својот елегантен и младешки став, но и со својот изглед.

Иако генетиката може да биде добра основа, Розга забележува дека нејзиниот секогаш свеж изглед првенствено се должи на избраната нега и докажаната рутина за убавина.

Се чини дека времето застанало за познатата пејачка – и покрај тоа што наполни 47 години, многумина би се согласиле дека изгледа како да има само 27 години!

Дека Јелена по природа е убава жена, јасно им е на сите кои од самиот почеток ја следат нејзината повеќедецениска кариера; сега, таа само го одржува својот природен изглед со помош на неколку врвни трикови.


Како Розга успева да одржува совршена фигура со години?

Во едно интервју, пејачката ја наведе физичката активност како основа на нејзината беспрекорна физичка форма. Како мала вежбала балет, а денес, како што вели, омилен облик на тренирање и е танцувањето на сцената.

- Годините на балет секако делумно се заслужни за мојот добар изглед и однесување. Многубројните концерти и танцувањето на сцената се најдобрата теретана, која ми помага да бидам во форма – изјави тогаш таа.

Меѓутоа, за да имаме здрав ум во здраво тело, неопходно е да се грижиме за она што го внесуваме во нашето тело.

-Инаку, се трудам да се хранам здраво, сакам лесна, медитеранска храна, риба, зеленчук, што ми помага да се чувствувам подобро. Тајната на добрата линија е секогаш комбинација од повеќе фактори, во мојот случај тоа се генетската предиспозиција, танцувањето и правилната исхрана – истакна Розга.

Постојаниот целулит е нешто што ги мачи повеќето жени, а еве како Јелена се бори против женскиот непријател број 1.

- Тоа е битка која ниту една жена не ја добила, но физичката активност и правилната исхрана, како и континуираната употреба на антицелулитни креми можат да помогнат да се намали видливоста на целулитот.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)



Како Јелена Розга се грижи за своето лице?

- Бидејќи кожата на лицето ми е исклучително тенка, бара посебна нега. Дисциплинирана сум во грижата, никогаш не одам да спијам без да ја вадам шминката – напоменала во една прилика.

Розга ја откри својата едноставна рутина во неколку чекори кои никогаш не ги прескокнува.

- Наутро го чистам лицето со едно од омилените за миење, потоа нанесувам серум или хидратантна крема, па онаа за пределот околу очите - затоа што таму е најтенка кожата, па затоа бара поинтензивна нега. На крај, заштитен фактор е задолжителен, па дури потоа следи шминка. Вечерта го чистам лицето темелно со млеко за отстранување шминка. После тоа, понекогаш ставам само хидратантна крема - за да дише кожата, додека повремено ја третирам со серум на база на хијалуронска киселина.

Како пејачката ја одржува косата здрава и сјајна?

- Исто како и со кожата на лицето - ако се грижите за себе, резултатот нема да пропадне. Со години го посетувам истиот салон, каде со големо внимание се грижат за здравјето на мојата коса. Во секој момент знаат која боја најмногу ми одговара, како да не и наштетам на косата, како и кои третмани се навистина неопходни за неа – изјавила Розга.

Дали Јелена Розга е поддржувач на естетската хирургија?

- Во моментов сум среќна со начинот на кој изгледам, но никогаш не се знае во иднина. Луѓето поради незадоволство често прибегнуваат кон пластична хирургија, а притоа забораваат дека убавата жена е најубава кога е среќна и исполнета без разлика на физичките маани – истакна таа еднаш.

Наместо да прави естетски зафати, за Розга, која своето тело го смета за свој храм, многу поважно е правилно да се грижи со проверени производи кои ќе и дадат свеж и природен изглед.

- Не сум поддржувач на ништо екстремно, дури ни кога станува збор за разубавување. Јас користам само производи со докажано потекло и високи стандарди. Она што ќе го дадете на кожата и телото во младоста ќе ви биде вратено во староста, јас го гледам своето тело како храм, затоа многу се грижам за неговото здравје и природниот изглед – заклучи таа.