Како изгледа да се вози електричен тротинет на естра високи потпетици: Сека Алексиќ ќе ви каже
Сека Алексиќ го објави видеото на својот Твитер профил и
предизвика вистинска бура!
Таа на видеото напиша „Летна турнеја и луда јас“, а она што е уште полудо е светкавата облека што ја носеше. Таа докажа дека може да биде вистинска мачка дури и на електричен тротинет, а дефинитивно нејзините чевли треба да бидат во плакарот на секоја жена.
Таа носеше светкав миди фустан со прерамки, откривајќи го нејзиното деколте. Тоалетата е покриена со светки, но не е обична - туку украсена со долги црни реси.
Целиот аутфит го заокружила со салонки со шпиц, кои се тренд и кои не‘ навраќаат на 2000-тите.
Letnja turneja i luda ja a jos ludji @stanislavzakic
— Seka Aleksic (@poslednjilet) July 28, 2022
Krenula na nastup sinoc #trogir pic.twitter.com/1vmLT9H6tu
Зошто мислиме дека секоја жена треба да ги има? Па, затоа што одговараат со речиси сè. Заедно со ваквите фустани или пократки верзии, но и со долги панталони под кои ќе се гледа само шпицот. А совршено се вклопуваат и со широки искинати фармерки и бела маичка - кога сакате да додадете прстофат гламур на обичниот ден.
Фото и Видео: Твитер