Кој ден од наредната недела ќе биде ваш: Петок најсреќен ден за овие знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Планетите ви даваат можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе. Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. 

Среќен ден: среда

Бик 

Успесите ќе се нижат на секое поле. Ќе уживате во друштво на симпатијата. На крајот од оваа недела на повидок е одлична забава и многу нови познанства.

Среќен ден: петок

Близнаци 

Оваа недела нема да имате многу среќа на љубовен план, но не очајувајте - претстојат поповолни денови. Ова е период совршен за дружење и склопување нови пријателства.

Среќен ден: четврток

Рак

Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Кон крајот на неделата ќе следи повик од личност со која не сте биле во контакт извесно време.

Среќен ден: среда

Лав 

Оваа недела планетите ќе ви донесат позитивни вибрации. Неделава потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Случувањата кои ќе ги искусите ќе ви бидат од големо значење во понатамошната иднина. 

Среќен ден: понеделник

Девица

Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето. Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. 

Среќен ден: понеделник

Вага

Неделава, планетите ќе ви донесат возбудливи изненадувања, бидете подготвени. Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвикаат голем отпор. 

Среќен ден: недела

Скорпија

Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можеле да очекувате мал шопинг со вашата мајка.

Среќен ден: петок 

Стрелец

Ова недела за вас е многу добра, бидејќи би можел да се појави предизвик кој ќе донесе нов пресврт во вашиот живот. Физички, во текот на оваа недела ќе се чувствувате многу силно и енергично, а исто така ќе бидете подготвени за извршување на сите обврски. 

Среќен ден: вторник

Јарец 

Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана! Времето поминато со симпатијата е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. 

Среќен ден: среда

Водолија

Благодарение на добрата проценка и ефикасната стратегија која ја применувате ве очекуваат позитивни резултати. Заинтересирани сте за хоби кои донесуваат можност за лично напредување во различни правци.

Среќен ден: петок

Риби

Се наоѓате во одлична психо-физичка форма, така што делувате многу самоуверено и пред родителите и пријателите. На многу ефикасен начин умеете да спроведете правила на успешно забавување, кои оставаат позитивен впечаток на околината. 

Среќен ден: среда