Кој ден од наредната недела ќе биде ваш: Среќна среда за неколку знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Планетите ви даваат можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе. Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Особен напредок ве очекува на работа.

Среќен ден: вторник

Бик 

Успесите ќе се нижат на секое поле. Ќе уживате во друштво на партнерот, ќе одвојувате наредната недела се повеќе време за него. На крајот од оваа недела на повидок е одлична забава и многу нови познанства.

Среќен ден: петок


Близнаци 

Оваа недела нема да имате многу среќа на љубовен план, но не очајувајте - претстојат поповолни денови. Ова е период совршен за дружење и склопување нови пријателства. 

Среќен ден: четврток


Рак

Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Кон средината на неделата ќе следи повик од личност со која не сте биле во контакт извесно време.

Среќен ден: среда 


Лав 

Оваа недела планетите ќе ви донесат позитивни вибрации. Неделава потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Случувањата кои ќе ги искусите ќе ви бидат од големо значење во понатамошната иднина. Внимавајте на работа и одбегнувајте кавги.

Среќен ден: среда


Девица

Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето. Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. На љубовен план конечно ќе донесете одлука за прекин на врската која оддамна не е таква каква што вие сакате.

Среќен ден: понеделник


Вага

Наредната работна недела, планетите ќе ви донесат возбудливи изненадувања, бидете подготвени. Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвикаат голем отпор. 

Среќен ден: среда


Шкорпија

Работната недела ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, можно е да потрошите малку повеќе пари, на шопинг.

Среќен ден: петок 


Стрелец

Ова недела за вас е многу добра, бидејќи би можел да се појави предизвик кој ќе донесе нов пресврт во вашиот живот. Физички, во текот на оваа недела ќе се чувствувате многу силно и енергично, а исто така ќе бидете подготвени за извршување на сите обврски, особено на работа. 

Среќен ден: вторник


Јарец 

Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана! Времето поминато со партнерот е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. 

Среќен ден: среда


Водолија

Благодарение на добрата проценка и ефикасната стратегија која ја применувате ве очекуваат позитивни резултати. Заинтересирани сте за хоби кои донесуваат можност за лично напредување во различни правци.

Среќен ден: петок


Риби

Се наоѓате во одлична психо-физичка форма, така што делувате многу самоуверено и пред партнерот и пријателите. На многу ефикасен начин умеете да спроведете правила на успешно забавување, кои оставаат позитивен впечаток на околината. 

Среќен ден: среда