Кој е Садетин Саран, новиот дечко на Емина Јаховиќ ?
Емина Јаховиќ неодамна ја започна врската со турскиот милијардер Садетин Саран. Српските медиуми пишуваат дека убавата пејачка веќе го запознала семејството на Саран и тие одлично ја прифатиле. На прашањето, што најмногу ѝ се допаѓа кај новиот дечко, таа одговори: „Не знам што да ви кажам. Сѐ ми се допаѓа, сѐ“.
Садетин Саран е милијардер со шест компании и поранешен пливач
Во јуни годинава, Емина и официјално се разведе од пејачот Мустафа Сандал со кој има два сина. Сандал тргна по својот пат и се вљуби во манекенката Џерен Хиндистан, а Емина во турскиот милијардер Саран.
„Се запознавме и излеговме неколку пати, многу ни беше убаво. Се запознав со неговото семејство, бевме на семеен ручек и ќе видиме што ќе биде понатаму. Одиме чекор по чекор“, изјавила пејачката.
Покрај неколкуте компании, Саран поседува скапоцени јахти и неколку приватни авиони. Тој е некогашен менаџер на фудбалскиот клуб „Фенербахче“ и спорстки работник кој зад себе има успешна биографија.
Се запознав со неговото семејство, бевме на семеен ручек.- Емина со семејството Саран
Садетин е поранешен успешен пливач, а по спортската кариера и по враќањето од студиите во САД бил вработен во Министерството за култура и туризам на Република Турција. Потоа, тој основал сопствен бизнис. Поседува шест компании кои се занимаваат со разлилни дејности, а пред една година ја основаше телевизијата „С спорт“ во која вложи околу 75 милиони евра.
Во моментов, има околу 5.000 вработени, а активен е и во хуманитарната работа, поради што е многу почитуван во цела Турција. Садетин зад себе има два брака, а често бил во врски со познати манекенки.
Фото: Блиц, Инстаграм