Стефан и Тара Ѓоковиќ одат на училиште во Србија, иако не се родени таму: Еве зошто Новак и Јелена донеле таква одлука

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара, кои учат во Србија, а најдобриот тенисер на сите времиња неодамна откри каква образовна институција избрале тој и Јелена за свои наследници и предизвика големи реакции во српската јавност. Шампионот објасни и зошто му е важно децата да одат на училиште во неговата родна земја, иако тие не се родени таму.

Новак Ѓоковиќ еднаш изјави дека негова желба е неговите деца да се школуваат во Србија. Тара лани почна прво одделение, Стефан во петто, а сега ја дознавме причината зошто децата на Ноле и Јелена посетуваат настава во Србија, иако вратите на најдобрите училишта од целиот свет им беа ширум отворени.

„Долги години живеев во странство, секако најмногу поради работата. Последните неколку години сум тука со семејството, со моите деца. Сакам да бидам тука, моите деца да одат на училиште во Србија, да почувствувам што значи Србија, бидејќи тоа е нивна земја, иако не се родени тука. Постојано разговарам со нив за тоа", открил тенисерот.

Училиште во кое наставата не трае 45 минути

Училиштето кое Новак и Јелена Ѓоковиќ го избрале за свои наследници, во еден поглед е специфично во однос на мнозинството.

„Тие избраа училиште каде наставата не трае 45 минути, родителите се активно вклучени во образованието, а децата се охрабруваат да бидат креативни“, изјавил извор близок до парот.

Стефан и Тара Ѓоковиќ немаат телефони

Инаку, децата на Новак немаат телефони, иако имаат речиси сите нивни врсници.

Најдобриот тенисер во историјата еднаш се осврна на приказната за помладите генерации, технолошкиот напредок, но и вечната борба на родителите со децата да не бидат постојано на нивните телефони, а таа граница постојано се движи.

„Од Јелена Генчиќ научив зошто е важно да слушаш класична музика, да читаш книги... Денешната генерација има многу повеќе предизвици, тогаш немаше социјални мрежи, тие ги гледаат само своите телефони. Сега не се гледа од друга перспектива, сега живееме во дигитална ера, технолошкиот развој е неверојатен, моите деца сè уште немаат телефони. Тие се жалат имаат сите само ние немаме. Не е лесно, но тоа се рефлектира на други нивоа. Ако сите тоа го прават, стадото вака работи, мора да го следиш. Па и не мора токму така. Тоа е она каде што мислам дека ние се разликуваме едни од други, затоа што сме тврдоглави, на позитивен или негативен начин“, изјавил Ѓокович во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs