Кој и како профитираше од домашната платежна картичка: Странско, а наше

Ја искористија ли можноста некои домашни компании да продадат повеќе од своите производи и да ги зголемат приходите од почетокот на јуни досега преку проектот „домашна платежна картичка“. Откако државата даде можност и прехранбените производи кои се препакувани, а на чија амбалажа е напишано дека се произведени во Македонија, дел од фирмите побрзаа да ги сменат декларациите и нивните производи кои инаку се странски да ги декларираат како македонски. Граѓаните забележале дека на рафтовите има вакви производи и реагираат затоа што знаеле дека се увозни, а наеднаш се промовирале како македонски.

Јогурт на Кораб Трница препакуван во Макеоднија сега се продаваше како македонски - но но не и само тој производ. Некои јатки, суви производи, па и риба која е морска а распакувана овде се сметаше како домашен производ и се продаваше како таква. На тој начин фирмите успеаја да продадат поголем дел од својата понуда. Со тоа и ги зголемија своите приходи.

Домашните платежни картички граѓаните можеа да ги искористат до саботата навечер, а во оптек беа пуштени на почетокот на јуни. Купувам домашно беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата кој беше воведен поради корона-кризата. Министерството за финансии на ваков начин сакаше да им помогне на граѓаните но и да стимулира да се продаваат домашни производи со што ќе им се помогне на домашните фирми.

Повеќе информации за оваа тема прочитајте на Фактор.мк