Кој месец во 2018 година ќе биде најлош за секој хороскопски знак

Добивај вести на Viber

Понекогаш колку и да сакаме да ги избегнеме непосакуваните ситуации,  ѕвездите ни наметнуваат проблеми и лоши периоди. Дознајте кој месец ќе ви биде тежок и бидете подготвени да се соочите со потешкотиите.

Овен

Според астролозите јуни ќе биде тежок месец за овој знак, бидејќи ќе биде загрозено вашето здравје и дневните обврски. Овните мора да се посветат на себе и на своето здравје.

Бик

Во септември биковите ќе имаат многу пресврти и промени. Мора да имаат трпение.

Близнаци

Во август ќе ви биде загрозна седмата куќа на љубовта и партнерството. Може да дојде до одредени недоразбирања, но тоа ќе се среди до крајот на месецот.

Рак

За раковите март е тежок месец. Мора да внимавате на комуникацијата и директно да говорите за вашите проблеми.

Лав

За лавовите, август ќе биде тежок месец. Потребно е да ги избегнувате проблемите со најблиските.

Девица

Декември ќе биде тешка фаза за девиците.  Може да дојде до кавги во нивниот личен и професионален живот.

Вага

Јануари и почетокот на февруари ќе бидат најпредизвикувачки за поединци. Нивното здравје може да биде загрозено, па треба да одвоите време и да посетите лекар.

Шкорпија

Април може да биде тежок за шкорпиите, бидејќи може да бидат почувствителни. Може да се соочат со односи од минатото, па деновите во април може да им бидат потешки.

Стрелец

Ноември е месец за поправање на грешките. Што побрзо преземете одговрност  за своите грешки, подобро ќе биде во иднина.

Јарец

Април е месец кога ќе имате проблеми со вашето здравје, така да ако во овој момент имате проблеми со вашето здравје може да се погрижите.

Водолија

Во јули ќе се почувствувате како некој да го тестира вашето здравје и љубовниот живот. Иако оваа година ќе биде добра за водолиите, во јули ќе се почувствувате сами.

Риби

Мај е месец кога Јупитер влијае на вашиот хороскопски знак. Морате да си посветите време на себе, да бидете смирени,  бидејќи работите може да бидат полоши.