Кој не сака убаво оформена цврста позадина: Лејла Рамковска сподели топ три вежби (ВИДЕО)
Лејла Рамковска во моментов е најпознат јога инструктор кај нас. Флексибилна во ставови, цврста во намери, адаптибилна на промени. Во една прилика таа кажа дека благодарение на јогата, никогаш не се чувствувала подобро и пофит, за што сведочи и нејзиниот изглед и витка фигура.
Често е активна на социјалните мрежи, а во последниот пост на Инстаграм таа ги сподели со следбениците трите вежби за грб кои се нејзини топ 3.
„Најчесто се инспирирам од јога пози на кои додавам повторувања . Пред да почнам со редовна јога пракса имав периодично многу непријатни болки, на кичмата особено. Зајакнување на мускулите на грбот како прво ќе ти ги намали болките кои можат да се поврзани со слаби мускули и лошо држење. Второ, кој не сака убаво оформена цврста позадина .
Препорака: 3 круга по 10 пати сите три вежби.“ - напиша Лејла покрај видеото кое го постираше во објавата.
За Женски магазин, Лејла неодамна ги откри и тајните ритуали за убавина.