Пред огледало со Лејла Рамковска: Кога се грижите комплетно за себе, само тогаш ќе имате долготрајни резултати
Лејла Рамковска во моментов е најпознат јога инструктор кај нас. Флексибилна во ставови, цврста во намери, адаптибилна на промени. Во една прилика таа кажа дека благодарение на јогата, никогаш не се чувствувала подобро и пофит, за што сведочи и нејзиниот изглед и витка фигура. За неа важна е здравата навика во однос на исхраната, а за една жена е важно и негувањето од внатре.
За Женски магазин, Лејла ги откри тајните ритуали за убавина.
*Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
Кога станува збор за козметика јас сум навистина од тие кои имаат само по една крема за лице, еден лосион, една бб крема... (се смее). Повеќе вложувам во редовни третмани од страна на дерматолог кој многу добро ми ја познава мојата кожа.
*Со какви препарати го негувате лицето?
Користам препарати кои се адекватни за осетлива кожа, со едноставни состојки кои не ветуваат чуда (се смее). Шега на страна, јас лицето го негувам од внатре. Со суплементи како алое вера, колаген, д витамин зима и есен, балансирана исхрана, јога... кога се грижите комплетно за себе, само тогаш ќе имате долготрајни резултати.
*Посетувате ли козметички салони?
Да, еднаш во месецот.
*Кои производи ги употребувате за нега на коса?
Васаби шампон од lush, маска за коса или балзам од balea и спреј за коса од schwarzkopf.
*Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
Очите обично ги истакнувам и контурите на лицето. Преку ден бб крема за да ми се изедначи тенот и секако да даде сјај на лицето.
*Кои се вашите омилени козметички производи?
Тоа што користам навистина со години е: Bioderma sensibio h2o, bb cream Garnier, дневна крема Vanishing од Lush.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
Коректор, сјај за усни и чешелче (се смее)
*Омилен парфем?
Orange, Missoni
*Како ја одржувате линијата?
Редовно вежбање, здрави навики во однос на исхраната, избегнувам млечни производи и благо, сокови не пијам никогаш, легнувам многу рано, спијам околу 7,8 саати.
Фото: Приватна архива
Ирена С.