Кој немал тетка, не знае што изгубил: Таа е тука кога мама ќе збесне за првото момче, а тато за првото мини здолниште
Тетката може, но и не мора да има свои деца. Интересно е што децата мислат дека таа е како втора мајка, а можеби и подобра од сопствената.
Тетката е нешто како добра вила од убавите детски бајки. Знае сѐ, разбира сѐ, умее да те утеши, да те разгали, па обично дури и првите подароци кои ги добиваме се токму од неа, па често знае да се случи омиленото ќебе или плишана играчка од која не се одвојуваме (понекогаш и до свадбата) да биде токму од нашата тетка.
Таа обожава да се слика со нас, на сликите ве држи цврсто, се смеете и се глупирате и затоа сликите со неа се најубави.
Како поминуваат годините, заедно раснете и почнуваат да ѝ се познаваат годините. Но тоа го забележуваат само другите. За нас тетките остануваат засекогаш млади. Мама може да остари, но тета никако!
Таа е тука кога мама и тато не ти дават сладолед, кога мама ќе збесне заради првото момче, тато заради првото мини здолниште...
На тетката можеш да и кажеш сѐ и за сѐ да добиеш најдобар и најискрен совет.
Зошто тетката е значајна личност? Тетката е жена, значи по многу нешта потсетува на мајка. За разлика од мајката, таа го нема тој степен на одговорност, страв и збунестот кој го има мајката на првата средба со бебето. Затоа тетката е послободна, делува непосредно, спонтано. Тетката смее да биде уморна, но мајката никако. Тетката може да каже дека нешто не умее или не знае или не може. Мајката никогаш. На тетката ѝ е дозволено да погреши, на мајката не. Родителите се задолжени и за убавите, но и за лошите обврски со децата. Од друга страна за тетките тоа не е така, па затоа им е веднаш полесно со децата.
Тетките ги обожаваат своите внуци, се чувствуваат како нивни мајки и се гордеат со нив, всушност тие за своите внуци имаат само пофални зборови.
Еве неколку факти за сите неверојатни тетки:
- Кој немал тетка, не знае што изгубил.
- Тетката е роднина, пријателка и сојузничка.
- Тетката е единствена, неверојатна.
- Секоја тетка има свое „злато“.
- Блазеси му на тоа теткино злато.
- Тетката не е замена за мајката, таа е нејзино дополнување.
- Тетката е жива енциклопедија, од неа се учи сѐ во животот.
- Никој не може да ве утеши како тетката, особено кога сте скарани со родителите.
- Тетките замижуваат пред правилата, не затоа што се непослушни, но затоа што имаа свои.
- Тетките се најдобри пријатели на децата.
- „Љубовта меѓу мене и тетка ми е неопислива“- зборови на едно девојче.