Која боја на спалната соба предизвикува дебелина?
Доколку имате проблеми со вишокот килограми, можеби треба да ја промените бојата на вашата соба ...
Дека бојата на соба влијае на дебелината, открија научници од Лондон. Овој разочаувачки заклуок нема да им се допадне на луѓето кои сакаат бела боја. Ако вашата спална соба е премногу осветлена, со бели ѕидови и мебел во иста боја, можете да се соочите со нарушување на циклусот на спиење кој доведува до зголемување на телесната тежина.
Според студија на англиски научници кои ја истражувале оваа тема, жените кои ја поминуваат ноќта во простории каде се е во бела боја, имаат вишок килограми и тенденција за ноќни ужини.
Истражувачите му го препишуваат овој тренд на нарушување на биоритмите поради лошото осветлување. Белите ѕидови и изобилство на вештачка светлина можат да го променат расположението, физичката сила и дури процесот на варење храна кај луѓето.
Исто така, љубителите на бели кревети често се на диета и имаат зависност кон храната.
Значи, доколку сте се препознале во оваа статија, време е да избрете друга боја за ѕидовите на вашата спална соба.