Која е убавата „Јованка Броз“ - актерката која глуми Македонка и внука на Тито во новата турска серија што се снима во Скопје

Добивај вести на Viber

Минатата недела беше емитувана првата епизода од серијата „Balkan Ninnisi“, а во Скопје интензивно продолжуваат снимањата за првата сезона од оваа серија на ТРТ 1.

Главни актери во „Балканска приспивна песна“ се младите турски актери Емре Беј и Мерих Озтурк.
Приказната на серијата, се одвива во Скопје, каде на Камениот мост, поделен со реката Вардар се раскажува трогателна љубовна приказна на двајца млади, Турчин и Македонка. И, иако љубовта нема јазик, религија или раса, кога се мешаат семејствата, понекогаш е неопходно да се „пробијат планините“ за повторно да се обединат.

Почетокот на првата епизода ќе ве наежи бидејќи првата сцена започнува со песната „Јовано, Јованке“, патем тоа е и името на главната актерка во серијата која глуми Македонка. 

Слушнете:


А радоста од запознавањето на двајцата млади кои се гледаат со љубов, е краткотрајна и работите се комплицираат кога семејствата доаѓаат на мостот зад нив. 


Ова е приказна за борбата на двајца млади луѓе од различна националност да го постигнат невозможното за да ја зачуваат својата љубов.

Женската главна улога во серијата ја толкува младата турската актерка Мерих Озтурк - таа е претставена како Македонка и внука на Јосип Броз Тито, а го носи името Јованка Броз и има строга мајка поради која ќе наиде на проблеми во љубовта кон момче од друга националност.

Мерих има само 22 години, родена е 1999 година и важи за вистинска природна убавица и успешна млада актерка.

View this post on Instagram

A post shared by (@merihozturk)


Емре Беј пак е турскиот актер кој во серијата го носи името Ертан - млад Турчин кој живее во Скопје со своето семејство. Тој е вљубен во Македонката Јованка, но нивната љубов наидува на пречки поради меѓуетничката нетрпеливост. 

Инаку Емре е роден на 9 мај 1997 година во Истанбул и има 24 години. 

View this post on Instagram

A post shared by Emre Bey (@beyemre)


Богатата екипа на новата турска серија Balkan Ninnisi е составена од турски и македонски актери, како Гозде Цигачи, Сулејман Кара, Хакан Бојав, Каан Тургут, Дениз Гуркан, Сарп Бозкурт, Мустафа Јашар, Бедија Беговска, Елиеса Касо.

Турската серија „Балканска приспивна песна“ која се снима во Скопје - ќе ве освои од прва: Погледнете на кои места во градот се снима