Која е вистинската „Rosie the Riveter“?

Добивај вести на Viber

Го препознавате ли постерот? Постерот на кој млада жена е облечена во деним кошула, со црвена бандана на главата и свиткана рака покажувајќи го бицепсот со самоуверен став е всушност познат под името „Rosie the Riveter“. „Rosie the Riveter“ е култна икона од Втората светска војна посветена на сите оние жени кои работеле во фабриките и пристаништата за време на Втората светска војна, најчесто изработувајќи муниција.


Овој постер го изработува графичкиот уметник Џ. Хауард Милер, а негова инспирација е девојка под името Наоми Паркер Фралеј. „Rosie the Riveter“ ги нарекувале сите оние жени кои работеле работа надвор од својата комфорна зона, оние кои работеле на изработка на муниција, оние кои извршувале електрична и машинска работа. Наоми, работела во машинска фабрика.


Наоми Паркер Фралеј е родена во Оклахома во 1921 година. Таа првично работела како келнерка во Калифорнија, но подоцна добива работа во машинска работилница на воено воздухопловна станица во Алмеда. Таа во 1941 година, на своите 20 години била фотографирана од репортер, додека работела со својата сестра бушејќи и закачувајќи ги авионските крила. Сликата од нејзината напорна работа на бедем струг, брзо станува популарна по списанијата. Затоа година подоцна познатиот графички уметник Џ. Хауард Милер оваа слика ја преправа во постер како мотивација за работа во воената индустрија за време на Втората светска војна.


Овој постер првично бил направен за да инспирира милиони жени за работа во фабриките за време на Втората светска војна. Но потоа овој постер се користи како икона на феминистичкото движење. Долги години имало погрешен идентитет за вистинската „Rosie“, додека да се открие дека всушност тоа е Наоми. Наоми Паркер доживува длабока старост од 96 години полна со млада животна енергија. Таа умира оваа година на 20 јануари на свои 96 години, а зад себе остава голем феминистички култ за многу натамошни генерации.

За Женски магазин, Ана Јордановска