Која штити најбрзо, а која најдолго-истражување во Србија за Фајзер, Спутник и Синофарм, еве што покажаа резултатите
Српски Блиц направи ексклузивна анализа од резултатите кои веќе се собрани во таа држава за тоа која вакцина за колку време го создава имунитетот против коронавирусот.
Во анализата се собрани примероци на вакцинирани граѓани почнувајќи од нула ден, две недели по првата доза, две недели по втората доза на вакцината, а потоа во месечни интервали. Примероците се анализираат за присуство на антитела. Досега се анализирани над 10.000 примероци на вакцинирани лица со употреба на сите моментално достапни вакцини во Србија. Проучени се примероци на граѓани на возраст од 20 до 95 години.
Како што вели Марија Гњатовиќ од ИНЕП за Блиц, идејата била да се испита еден аспект на имунолошкиот одговор (антитела), со цел да се добие увид во кинетиката на создавање заштита по имунизацијата, со употреба на вакцини засновани на различни технологии, од класична до РНК.технологии.
Детали читајте на Фактор, тука.Фото: блиц.рс