Колекција на уникатни италијански и француски вина по достапни цени на пазарот во земјава
За сите оние кои сакаат да уживаат во чаша добро вино, во земјава повеќе од една година е достапна избрана колекција на француски и италијански вина, секое уникатно на свој начин, кои ги задоволуваат преференциите и на најпребирливите љубители на вино.
Без разлика дали сте искусен ентузијаст за вино или нов во светот на фините вина, во оваа селекција на бели, розе, црвени и пенливи вина со сигурност можете да го најдете вашиот совршен вкус.
Во пресрет на празниците овие вина со нивната уникатност во сите аспекти се одлична идеја и за подарок, како и вистински избор за секоја пригода поради исклучително достапните цени и одличната рамнотежа на квалитет, наспроти цената, кои ги имаат.
Извонредноста на француската Peyrassol винарија е раскажана во секоја капка на елегантното Chateau Peyrassolи симпатичниот Peyrassol La Croixкако ценовно подостапна верзија на овој уникатен вкус.
Од колекцијата на пенливо италијанско Valdo може да изберете помеѓу бело пенливо Valdobbiadeneи таканаречениот розов рај на Valdo Paradise, вино кое поради уникатната амбалажа која ја има, дополнително е и совршен избор за подарок. Сите овие вина, вклучително и Valdo Paradise е достапно во продажба во Wineberry Bistro & Shop.
Италијанските Roccaвина одговораат за сите љубители на класичното вино кои може да уживаат во лесниот вкус на нежното бело вино –Pinot Grigio delle Venezie или ароматичниот и хармоничен вкус на црвеното – Montepulciano d’AbruzzoRoccaвино.
Врвот на елегантноста во оваа колекција го достигнуваат италијанските La Scolca – Gavi dei Gavi, вина кои во себе ја содржат целата префинетост на регионот од кој потекнуваат. Оние кои го пробале велат дека е вкусот кој не може да го заборават, а посебен печат на оваа колекција дава La Scolca – Gold Edition виното чија амбалажа дава дополнителен допир на престиж и го издвојува ова уникатно вино од сите останати. La Scolca Gold виното е изборот кој треба да го направите доколку сакате себе да си дозволите посебно задоволство или некому да подарите мало парче достапен луксуз.
Како и досега, овие вина можете да ги најдете во малопродажба во WineberryBistro & Shop, но и како дел од менито на повеќе ресторани во Скопје. Овластен дистрибутер на овие вина во земјата е фирмата Alchemist, а овие вина преку Alchemist, достапни се и на пазарот во Хрватска и Турција каде веќе уживаат препознатливост и ги крадат симпатиите на винската публика во овие земји.
*Пр објава