Колкав број мокрења во денот е нормален: Сѐ повеќе од тоа е знак за тревога
Мокрењето и бојата на урината откриваат многу за нашето здравје. Пожелно е почесто празнење на бешиката,а голема грешка која многумина ја прават е одлагање на мокрењето.
Ако некогаш сте се запрашале колку пати дневно треба да мокрите, стручњаците го имаат одговорот.
Секоја личност дневно би требало да мокри од 6 до 7 пати, ако испила околу две литри вода, колку што му е потребно на организмот. Во текот на ноќта, нормално е да се разбудите еднаш и да ја олесните бешиката. Сѐ што е повеќе од тоа, може да биде сигнал на прекумерно внесување на течности или можни здравствени проблеми. Во тој случај обратете се кај уролог.
Шефот на универзитетската болница за урологија во Берлин, вели дека многу проблеми како зголемена простата( кај мажите), дијабетес или инфекции на уринарниот тракт, може да се решат доколку навременo се забележи прекумерното мокрење.
Зголемениот внес на течности може да го намали ризикот од инфекции, но жените мора да водат сметка дека треба да мократ во просек од два часа. Она што никако не смее да се прави е одлагање на мокрењето.
Задржувањето на урината во мочниот меур подолго отколку што треба не е добро за здравјето, бидејќи доаѓа до болка и до слабеење на мускулите на јајниците како и до константни инфекции на меурот.
Ризикот од инфекција може да го намалите ако го зголемите внесувањето на течности и мокрите на секои два часа.
Кај здравите луѓе урината е стерилна, а до инфекција може да дојде ако бактериите од дебелото црево пронајдат пат до меурот, па ако почнат таму да се размножуваат.
Од друга страна, кај жените ризикот од инфекции е зголемен, бидејќи уринарната цевка е пократка, па бактериите може полесно да го најдат својот пат.
Затоа мокрете редовно и чувајте ги своите бубрези здрави!