Koлку е здраво јајцето?
Лекарите препорачуваат сепак да не се претерува со консумирање на голема количина јајца во текот на еден ден. Умерената конзумација може да донесе позитивни работи за нашето здравје.
Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол.
Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни.
Белката од јајцето е еден од најдобрите извори на протеини. Од едно јајце, од кое добиваме 6 грама протеини, половина од нив ги добиваме од белката. исто така, може да го намалите и ризикот од срцеви заболувања. Во една белка од јајце,исто така содржи и 1,3 мг на фолати, 6,6 мг селен, 2,3 мг калциум, 3,6 мг магнезиум и 4,9 мг фосфор.
Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.Жолчките содржат повеќе од 90% од калциум, железо, фосфор, цинк, тиамин, Б6, фолна киселина, и Б12, и пантотетичка киселина на јајцето.