Колку и да се менуваше низ годините, еден детаљ остана ист: Калиопи го задржа она што многумина не можеа

Добивај вести на Viber

Таа со децении е еден од најмоќните вокаки на Балканот, ако не и најдобар. Со распон на гласот кој создава и дивост и питомост истовремено! Дури до невозможни граници... Направи кариера за паметење и една од ретките од Македонија која песните и ги пеат од Вардар па до Триглав. Остави и остава песни во трајно наследство, за сите генерации, засекогаш... А нејзината појава, без разлика дали се работи на сцена, на телевизија, меѓу луѓето, секогаш предизвикува бурни реакции.

Таква е нашата Калиопи. Мила, срдечна, непосредна, успешна, создава музика, сплотува со стиховите на песните и музиката.

Уште од како се појави на детскиот фестивал Златно славејче во 1976 година ѝ предвидоа блескава кариера. Останатото е историја. Настапи насегаде ширум поранешна Југославија со групата Калиопи, имаше огромни тиражи, внимание насекаде, огромна популарност... И денес е така. Не намали со сето она што го создава, а публиката го препознава како врвно. Дури и кога Македонија ја претставуваше на Евровизија во неколку наврати, за неа евровизиските фанови кажаа дека е личност која е голема ѕвезда и ретко таква се појавува на таа сцена.

Она што е евидентно денес е тоа дека дивата изгледа барем 20 години помладо. Но исто така, се гледа дека е природна, без ботокс, филери и естетски завати.

Ама еден детаљ остана на неа уште како мала, па до денес. Нејзините густи веѓи! Без нив не би била тоа што е и не би била целосна. А, на неа изгледаат убаво, моќно и тие се уште една карактеристична црта на нејзиното лице.

Погледнете: 

Р.Ж.М