Колку пати во животот ќе доживеете вистинска љубов: Три знаци само еднаш

Добивај вести на Viber

Оние кои доживуваат вистинска љубов во животот имаат многу среќа. Некои хороскопски знаци сакаат само еднаш во животот, бидејќи љубовта ја доживуваат длабоко емотивно, а некои се заљубуваат секој пат одново.

Еве што вели астрологијата, каков љубовен живот го следи секој знак.

Овен
Овните ќе сакаат три пати во животот, иако се многу скептични кога станува збор за љубовта. Кога ќе ја прекинат врската, повеќе не се враќаат назад, туку продолжуваат во потрага по нова љубов.

Бик
Бикот е еден од оние знаци кои сакаат само еднаш. Кога ќе ја најдат вистинската љубов, тие се подготвени да се смират доживотно.

Близнаци
Близнаците имаат три љубови во животот. Тие имаат тенденција да бараат вистинска љубов цел живот, без оглед на нивниот моментален љубовен статус. За секоја љубов тие се убедени дека таа е вистинската.

Рак
Раковите во својот живот наоѓаат две големи љубови. Доколку се случи за прв пат да се разочараат во љубовта, подготвени се долго време да го бараат вистинскиот партнер, а кога ќе го најдат, се што имаат ќе вложат во нова врска за да процвета љубовта.

Лав
За Лавовите секоја љубов е вистинска љубов. Тие се многу посветени на своите партнери, отворени и директни, вистински освојувачи. Тие се секогаш емотивно присутни, дури и кога постои опасност да бидат повредени.

Девица
Девиците можат да сакаат само два пати во животот. Сомнителни и скептични по природа, едвај дозволуваат некој да им се доближи, уште потешко партнерот емотивно да ги окупира и да го освои нивниот свет.

Вага
Заедно со Лавот, Вагата е знак кој навистина сака секој пат. Дури и кога е најлоша и кога има скршено срце и е разочарана од својата мината љубов, доколку се укаже можност за нова, таа е подготвена да започне нова врска со целото свое срце.

Шкорпија
Шкорпијата сака само еднаш во животот. Претставниците на овој знак можат да имаат многу врски и авантури, но со целото срце ќе сакаат само еднаш во животот. Љубовта е длабоко емотивна за нив и на овие многу мистериозни претставници на Зодијакот им е тешко да градат нови врски.

Стрелец
Во животот има четири љубови. Стрелците се искусни на полето на љубовта и можат да сакаат четири пати во животот. Но, за да ја задржат таа љубов, ќе мора да научат да прават компромиси со партнерот.

Јарец
Припадниците на овој знак можат да сакаат двапати во животот, но поради затвореноста им е многу тешко да ги изразат чувствата, па нивниот почеток во љубовта е многу трнлив. Поради силните и тешки карактеристики, Јарците често се тие кои ќе ја прекинат врската.

Водолија
Водолиите навистина сакаат три пати во животот, а често тие љубови знаата да бидат љубовници или љубовник, а не партнери на кои им го подаруваат срцето. Тие имаат тенденција да бараат идеален партнер, кој би им бил најдобар пријател и љубовник.

Риба
Рибите можат вистински да сакаат само една личност во својот живот. Кога ќе сретнат сродна душа, тие го фрлаат сидрото и се подготвени да останат закотвени до крајот на животот.

Фото: Freepik.com
Извор: Superzena.b92.net