Колку заби сте изгубиле досега: Тоа открива колку ќе живеете
Бројот на забите кои сме ги изгубиле може да биде добар индикатор за превидување на должината на животот, но и од опасноста на одредени болести бидејќи тоа е меѓусебно испреплетено и поврзано. Луѓето кои ги имале сите свои заби до својата 74-та година имале поголеми шанси да ја доживеат 100-тата, откри новото истражување во весникот „Periodontology 2000“.
Оние кои изгубиле пет или повеќе заби до 65-тата година веројатно ќе страдаат од сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес и остеопороза, што многу можат да влијаат на должината на животот. Сите овие болести се поврзани со квалитетот на животот на поединците и нивниот социоекономски статус, но и со стресот.
- Луѓето можат да изгубат заби по стресни ситуации и трауми, лоша орална хигиена, воспаленија, пушење- се што може да биде поврзано со срцеви болести или дијабетес- вели доктор Нигел Картер од „Oral Health“ за бритаскиот „The Sun“.
Ова истражување всушност укажува на тоа дека губитокот на забите е показател на полош квалитет на делови од човековиот живот и на зголемен ризик од здравствени проблеми пореди тоа, додава докторот.
- Она што се случува во нашата уста е евидентен и корисен призор на нашето севкупно здравје. Затоа е неопходно да се грижиме за забите како што треба и да внимаваме што се случува во нашата уста бидејќи тоа може да биде знак за нешто сериозно- вели Картер.
Стручњаците истакнуваат дека е потребно забите да се мијат два пати на ден, наутро и навечер со пасти со флурид, да се намали внесот на шеќер и слатките пијалази и редовно да се посетува стоматолог.