Компанијата dm дрогерие маркт остварува нови рекордни деловни резултати во својата 11-та година на македонскиот пазар

Добивај вести на Viber

·  Остварен промет од 2,45 милијарди денари, што претставува раст од 36,6% во однос на претходната деловна година;

·  На ниво на dm Групација Австрија и концернски земји (без Германија и Полска) е остварен промет од 4,5 милијарди евра, односно раст од 23,10 % во однос на претходната година;

·  Зголемување на платите за сите вработени од 32 % до 52 %;

·  Загарантирана ценовна стабилност во времиња на инфлација воведен нов ценовен концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО;

·  Реализирана рекордна сума на донации – речиси 7,2 милиони денари донирани во општествено-одговорни цели;

·  23 продажни објекти во 10 градови;

·  Зголемена фреквенција на пазарувања во dm дрогериите за 27,3 %.

Скопје, 19 октомври 2023. Компанијата dm дрогерие маркт со промет од 2,45 милијарди денари и раст од 36,6 % одбележува 11 години деловно работење на македонскиот пазар. Во изминатата деловна година, најголемиот дрогериски ланец во Европа лансира нов ценовен концепт „Секогаш поволно“ на македонскиот пазар со кој се гарантира стабилност на цените во моменти на сѐ поголема инфлација. Освен тоа, dm го прошири своето присуство на пазарот со нова дрогерија во новоотворениот трговски центар – Штип Сити Мол.

Со цел ублажување на последиците од зголемената инфлација и следење на економските трендови, dm во изминатата деловна година ја зголеми платата на сите вработени од 32 до 52 %.  Овогодишните достигнувања на dm беа придружени со многубројни инвестиции за поддршка на заедницата преку општествено-одговорни донации, чиј вкупен износ во деловната 2022-23 година изнесува речиси 7,2 милиони денари.

На ниво на dm групација – Австрија и концернски земји од Централна и Источна Европа (Унгарија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и С. Македонија) dm оствари раст на прометот од 23,10 % во однос на претходната година, односно вкупен промет од 4,5 милијарди евра, ја прошири продажната мрежа на 1.910 дрогерии, а бројот на вработените надмина 28.132.

„Со целосна преданост и посветеност на нашата деловна мисија, успесите се загарантирани. Со години создаваме место за целото семејство, каде што успесите ги мериме по бројот на насмевки и задоволни купувачи... место каде што пазарувањето е уживање, а не обврска. Благодарение на темелниот пристап во сите сегменти на нашето работење, иновативните и корисни производи, пријатната атмосфера и амбиент за пазарување во нашите дрогерии, како и професионалноста на нашите колеги, нашиот бренд повеќе од една деценија поставува трендови и ги освојува срцата на купувачите и заедницата“, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm С. Македонија и Србија.

СЕКОГАШ ПОВОЛНО: Гаранција за ценовна стабилност во време на инфлација

Во месец мај, дрогерискиот ланец dm на македонскиот пазар го воведе новиот ценовен концепт „СЕКОГАШ ПОВОЛНО“, со кој го трансформира начинот на пазарување на нашиот пазар, заменувајќи ги попустите со долгорочно поволни цени кои ја гарантираат стабилноста при сеприсутната инфлација на пазарот. За само неколку месеци ценовниот концепт „СЕКОГАШ ПОВОЛНО“ стана значаен дел од секојдневниот живот на купувачите на dm, особено во услови на општ раст на цените, бидејќи на овој начин можат да сметаат на стабилни цени на долг рок, без чести промоции и попусти. Од самото воведување на ценовниот концепт речиси половина од асортиманот на dm е достапен по долгорочно поволни цени. Ценовниот концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО гарантира дека цените нема да се зголемуваат најмалку четири месеци, што за купувачите претставува голем бенефит во време на инфлација од глобални размери.


Широк, богат асортиман и најголема понуда на сопствени трговски брендови

Комплетната понуда на производи го прави dm со години да биде приоритетен ланец за  снабдување во нашата земја. Со повеќе од 14.500 производи од бројни асортимански сегменти, како нега и убавина, природна козметика, нега и исхрана за бебиња, органска храна и додатоци во исхрана, средства за домаќинство, како и храна за домашни миленичиња, го прават dm совршено место за задоволување на сите потрошувачки потреби на целото семејство.

Понудата на повеќе од 4.500 производи од сопствени трговски брендови го прави dm најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар. Висококвалитетните dm марки, како alverde, Balea, babylove, dmBio, Denkmit, Dontodent и др., кои нудат докажан германски квалитет по секогаш поволни цени, се гаранција за идентичен квалитет во сите земји каде што dm е достапен на пазарот.

Инвестиции во проширување и подобрување на продажната мрежа

Компанијата dm е присутна во дури десет градови во земјава, со вкупно 23 дрогерии. Изминатата година дрогерискиот ланец ја одбележа отворањето нова дрогерија во новиот трговски центар во Штип – Штип Сити Мол. Освен тоа, компанијата инвестираше и во реновирање на три постоечки dm дрогерии, а за реализација на сите овие активности компанијата издвои повеќе од 93,8 милиони денари, што претставува развој од 33,2% во однос на претходната деловна година.

Општествената одговорност и одржливоста како клучни деловни насоки

Општествено-одговорните проекти отсекогаш биле клучни и дел од секојдневните активности на компанијата. Оваа пракса не беше исклучок и во изминатата деловна година, во која dm донираше речиси 7,2 милиони за подобрување на здравствениот и општествениот систем во нашата земја, како и за зачувување на животната средина.

По успешното спроведување на првата сезона за обновување на зелените површини преку засадување 27.000 садници, проектот Пошумуваме заедно за позелено утре ќе ја започне втората сезона со обновување на зелените површини на три нови локации во земјава, односно масовно пошумување со 30.000 садници на опожарена локација во Куманово, Парк шума - Гази Баба во Скопје и основно училиште во Струмица. За реализација на овие проекти dm ќе одвои повеќе од 1,5 милиони денари.

Уделот на жените во колективот на dm групацијата изнесува околу 94 %, а зајакнувањето на жените зазема голем дел во овогодишните активности на дрогерискиот ланец, па затоа на почетокот на летото под слоганот „Следи го сопствениот ритам“, во соработка со стручни лица од повеќе области, dm започна повеќемесечна кампања за женското здравје, со што се означи почетокот на широката иницијатива за подигнување на свеста за женското здравје. Како дел од оваа кампања компанијата за прв пат оваа година организира и бесплатни дерматолошки прегледи во Охрид. Сите посетители имаа можност да добијат бесплатен преглед, како и совети за превенција и заштита на кожата. Исто така, во рамките на оваа кампања, под името {ЗАЕДНО} за подобро утре dm распиша и конкурс за поддршка на проекти за подобрување и зачувување на женското здравје.  Со средства во висина од 3 милиони денари, компанијата ќе поддржи реализација на 6 проекти пријавени на конкурсот.

Континуираното инвестирање во вработените како гаранција за успех

Преку програмите за едукација и обука, dm постојано инвестира во развојот на вештините и напредувањето во кариерата на своите вработени, обезбедувајќи им можност да се усовршуваат и да растат заедно со компанијата.

Покрај 14  редовни плати во текот на годината, вработените во dm добиваат дополнителни бројни поволности во форма на проширени здравствени систематски прегледи, бесплатни курсеви по германски јазик, ваучери за пазарување и приватни здравствени прегледи. Ова го става најголемиот европски дрогериски ланец високо на листата на посакувани работодавачи во земјава.

Рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот игра голема улога во градењето на односот на компанијата и вработените, а најдобра демонстрација за тоа е Неделата на родителство, во чии рамки вработените родители на учениците-првачиња добија слободен ден од работа.

Како дел од концернскиот образовен проект „dm Академија“, dm на македонскиот пазар ја претстави и втората генерација сертифицирани дрогеристи, со што го зголеми вкупниот број на вработени, обучени за стручно советување на купувачите во повеќе области од дрогерискиот асортиман. Со ова dm дава потврда дека професионалниот развој на своите вработени и професионалното советување на своите купувачи е високо на листата на приоритети на компанијата.

Како дел од заложбата за унапредување на процесот на личен и професионален развој, компанијата разви своја дигитална платформа „dm-Lernwelt – Свет на учење“, преку која секој вработен може да се информира за актуелните теми, да посетува online курсеви и обуки.

„Несебичната и континуирана поддршка на заедницата во која работиме, посветеноста на нашите вработени, но и темелниот пристап кон секој сегмент од работењето се само огледало на водечкиот принцип на dm дека човекот е во центарот на работењето. Затоа, во претстојната година продолжуваме да ги слушаме потребите на нашите лојални купувачи, нашите вработени, пазарот и целата заедница, но и природата и еко-системот што нѐ опкружува, со цел да имплементираме низа одлични идеи и потфати“ – изјавија од компанијата.


*Пр објава