Компјутерската технологија го спречува развојот кај младите
Денешните тинејџери поминуваат повеќе од работно време изложувајќи го својот мозок на дигиталната технологија. Бидејќи поминуваат многу време гледајќи во компјутер или телевизор, младите луѓе не ги развиваат невронските патишта, кои се потребни за комуникација лице в лице.
Tинејџерите сакаат да ги задоволат своите потреби и тоа веднаш, не подоцна. Многу адолесценти мислат дека се непобедливи.
За жал, приврзаноста за денешната технологија и видео игрите, кај младите тинејџери влијае на развојот на мозокот. Ако луѓето продолажат да живеат на овој начин, невронската траекторија на нивниот мозок никогаш не може да го компензира. Може да се случи тие да останат заклучени во нервниот прстен кој ќе остане на незрело и егзоцентрично ниво и во текот на вековите.