(ФОТО) Комплетно црвен стајлинг симболичен за Велигденската ноќ

Добивај вести на Viber

Празниците најмногу поени добиваат за нивната магична атмосфера која ја создаваат. Кругот од најблиските луѓе, прослава, збир на позитивни енергии во комбинација со вашиот празничен изглед, така некако би изгледала совршената формула за Велигденската вечер.

Кога го избираме стајлингот, токму овие празнични моменти ни оставаат простор да изгледаме малку повеќе, свечено, елегантно, стилски заносно. Нашиот предлог овој пат е силната црвена боја, симболот на Велигденската магија.

Изберете комплетно црвен стајлинг и бидите главни во привлекувањето внимание. Црвен комбинезон како најтренди избор или мал црвен фустан за заведување, изборот е ваш. 

Секако не ја исклучуваме и стилската комбинација на црвени панталони искомбинирани само со црвена деколтирана кошула. 

Доколку сакате да изгледате елегантно и авторитетно изберете комплет со неутрална бела кошула, црвени панталони и долго црвено сако. 

И секако, бидете свои, само тогаш сте најубави.


Е.Манасијева