КОНЦЕРТ СО ХИТОВИ ОД СВЕТСКИ МЈУЗИКЛИ: Бродвеј во Битола

Добивај вести на Viber

„Бродвеј во Битола“ е насловен концертот кој ќе се одржи на 22 април, во недела во центарот за култура во Битола. Темите од најубавите светски мјузикли ќе ги свири камерниот оркестар на Битола придружуван од неколку наши познати пејачи.

Наде Талевска

Наде Талевска, Елена Петреска, Игор Узунов, Марија Груевска, Ана Гаштарова ќе ги пеат хитовите од мјузиклите „Коса“, „Мулен Руж“, „Кабаре“, „Фантомот од операта“ и многу други. Како гости настапуваат и танцовиот спортски клуб „Степ ап“.

„Чест ми е што ќе настапам со Битолскиот камерен оркестар. Темата на концертот е прекрасна, ќе се изведуваат познати теми од мјузикли. Аранжманите на Владимир Димовски се прекрасни, изборот на композициите исто така. Сигурна сум дека публиката ќе ужива“, ни изјави Елена Петреска која ќе ги испее песните“ At Last“, „One day“, „Fly away“ и „Think“.

Публиката ќе ужива.- Елена Петреска

Влезниците се во претпродажба од денес од 10 до 20 часот, на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари. Концертот е под покровителство на Министерството за култура. 

(М.Џ.)