Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија!

Добивај вести на Viber

Синоќа во прекрасниот амбиент на Македонската филхармонија, нашиот пијанист со интернационална слава, маестро Симон Трпчески, одржа незаборавен концерт пред македонската публика.

Присутните уживаа во музиката на Шостакович и Гершвин во моќна изведба на Трпчески придружуван од Македонската филхармонија на чело со диригентот Борјан Цанев. Концертот донесе многу емоции, радост и вистинско воодушевување кое присутните не можеа да го скријат. Маестралниот пијанисти останатите уметници покажаа дека и класичната музика може да биде забавна, возбудлива и енергична.

Концертот го организираше Македонски Телеком, кој на уникатен начин го одбележа крајот на годината заедно со своите блиски соработници, партнери и пријатели. Имавме светски спектакл, нешто што ретко се доживува во Македонија. Перфекција, коментираа присутните. И самиот Трпчески истакна дека со вакви настани им се дава поттик на вистинските културни вредности.