Конечно постигнаа договор: Највисокиот врв на светот доби уште 86 сантиметри

Монт Еверест, покривот на светот, е висок 8.848,86 метри, а Кина и Непал конечно постигнаа договор за овие податоци.

На заедничката прес-конференција во Катманду, претставниците на Кина и Непал ја објавија крајната висина на Монт Еверест.

Така највисокиот врв се здоби со 86 сантиметри во споредба со претходното мерење на Непал и повеќе од четири метри во однос на претходната надморска височина што Кина му ја припишуваше на Монт Еверест.

Разликата се должи на фактот што Кина ја измери карпестата основа на врвот, а не и нејзината снежна покривка, што сега се зема предвид.

Непал спроведе студија за висината на Монт Еверест по информациите кои сугерираат дека движењата на тектонските плочи, вклучително и силниот земјотрес во 2015 година, може да влијаеле на висината на покривот на светот. Монт Еверест за првпат беше освоен во 1953 година од Новозеланѓанецот Едмунд Хилари, придружуван од Шерпас Тензинг Норгај.


Фото: Depositphotos/ Byelikova