Констракта има двојничка, а за нивната неверојатна сличност зборува цел Балкан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Покрај тоа што Ана Ѓуриќ - Констракта успеа да ја промени историјата на Евровизија, нејзиниот уникатен стил и уметнички израз дојдоа како вистинско освежување на регионалната јавна сцена.

Популарноста што ја стекна таа, доведе до откривање на нејзината двојничка, која по потекло е од Словенија и има многу слични карактеристики како овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија.

Станува збор за Јерца Леган Цвикл, сестрана јавна личност во Словенија. Јерци освен што е антрополог и доктор на науки, се занимава и со новинарство и публицистика, на Балканот веќе наголемо се зборува за нејзината сличност со Констракта, а и самата го забележала тоа. Таа дури во една од објавите на својот Инстаграм профил напиша: „Констракта, можеби сме во роднинска врска“.


Тие две имаат бемка на иста страна од лицето, што е сосема неверојатно, но она што особено ни го привлече вниманието е ексцентричен и авангарден стил на облекување.


Јерца, освен што добро ги носи микро шишките, кои иако се тренд, често се мета на критики, не бега од необични кроеви или дизајни кои ја покажуваат нејзината автентичност, и во моден аспект.



А колку го негува својот стил и е во чекор со трендовите најдобро покажува еден од нејзините најнови стајлинзи. Имено, двојничката на Констракта пред неколку дена се појави во зелен комплет кој се состои од панталони и елек. Зелената боја владее веќе неколку сезони и нема намера да се повлече од модниот трон. Таман кога ќе помислите дека повеќе не е во тренд, се појавува нова нијанса на зелена која ве соборува од нозе, а тоа е случај и ова лето со блескавата зелена боја.

извор:zenskikutak

Како легенот и бокалот на Констракта прераснаа во 2,5 милиони динари за деца болни од рак

Констракта се омажи за „забранет човек“: Еве како започна нивната љубовна приказна! (ФОТО)