Констракта се омажи за „забранет човек“: Еве како започна нивната љубовна приказна! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иако моментално е една од најактуелните јавни личности во Европа, за нејзиниот приватен живот речиси ништо не се знае!

Овогодинешната претставничка на соседна Србија на Евровизија е многу посветена на семејството. Таа е мажена и има две деца Лена и Никола. Во една прилика истакна дека ѝ се најголемата поддршка во сѐ што прави и дека се многу горди на неа и нејзините успеси!

Но, сопругот го запознала на факултет, љубов што тогаш ѝ била забранета! Сопругот на Констракта, Милан Ѓуриќ бил асистент на Архитектонскиот факултет, каде што и Ана дипломирала. Иако постојат спротивставени ставови за односот меѓу студентите и асистентите и професорите, тие двајца се заљубиле еден во друг. Иако не им било лесно, нивната љубов преживеала, а добиле и две деца.


Во едно интервју, таа откри дека  нема посебни ритуали пред настапот, туку дека секогаш ги носи прстенитњ од нејзината свекрва.

- Немам некој посебен ритуал освен миење раце, но на пример ги носам овие три златни прстени кои ги добив од свекрва ми. Може да се каже дека тие се мојот ритуал – заклучи тогаш таа.


Извор: stil.kurir.rs

*На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор: Шокантна вест во семејството на пејачката!