Континуирана употреба на пробиотици за дигестивен баланс

Добивај вести на Viber

Современиот стил на живот подразбира постојана трка со времето, јадење на брза (процесирана) храна и високи нивоа на стрес. Кога на ова ќе додадеме минимум 1 - 2 вирусни инфекции годишно како и понекогаш претерано земање на антибиотици, сосема е јасно дека доста често имаме состојба на нарушена цревна микрофлора што резултира со бројни стомачни тегоби. Човековата цревна микрофлора се состои од бројни добри бактерии кои ги спречуваат патогените да ги исполат своите негативни дејства на тој начин што се натпреваруваат со нив за храна, а некои видови и директно продуцираат инхибирачки супстанци за патогените причинители. Токму затоа одржувањето на здравата цревна микрофлора е приоритет за добро стомачно здравје.

Веќе повеќе децении пробиотиците се користат за минимизирање на штетните ефекти од антибиотската терапија, при дијареа и при летни патувања. Сепак во последните години се става акцент на превентивната примена на пробиотиците токму во контекст на одржување на здрава цревна микрофлора. Бројните истражувања потврдуваат дека континуирана примена на пробиотици од типот lactobacillus, Bifidobacteriumи Saccharomyces boulardii во период од еден месец па и подолго имаат позитивни ефекти врз целокупното здравје. Делуваат на два начина: подобрување на варењето и метаболизмот со што максимално се искористуваат хранливите материи и преку подигнување на имунитетскиот одговор на организмот со што превентивно делуваатво насока на спречување на бројни инфекции како и намалување на алергиските симптоми.

За најдобри резултати особено е важно да се внесуваат комбинации од најмалку 3 пробиотски соеви заедно со пребиотици (инулин) кои се храна за пробиотиците и овозможуваат нивно успешно размножување во цревата. Со цел да се оптимизира ефектот на пробиотиците, тие се пакуваат во желудечно отпорни капсули кои го зголемуваат степенот на преживување на добрите бактерии и се надополнуваат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк со што се максимира позитивниот ефект врз стомачното здравје и дополнително се стимулира имунитетскиот одговор.

М-р фарм. Соња Пецевска