Короната засекогаш им ги зема мајката, таткото, бабата и прабабата: Марија (22) и Лазар (16) останаа сами, еве како се промени нивниот живот преку ноќ

Животот на Марија (22) и Лазар (16) од Земун се смени преку ноќ. До пред еден месец беа среќни со семејството, а потоа корона вирусот им одзеде се.

За четири недели нивниот татко, мајка, баба и прабаба се разболеле и починале од Ковид 19, пишуваат српските медиуми.

Тие останаа без семејство, без приходи, без услови за живот и школување.

Марија и Лазар живеат со нивниот дедо, кој поради последиците од короната моментално е во болница.

„Дедо ми се разболе прв, а потоа баба ми која го чуваше, потоа тато и на крај мама. Дедо ми е единствениот што се извлече. Баба ми беше болна и пред короната, но најдолго издржа без респиратор. Мама и тато беа примени во болница на 7 октомври, а мама по само два дена беше ставена на респиратор и почина на 16 октомври. Истиот ден брат ми беше хоспитализиран, но за среќа беше пуштен по една недела. Тато почина 10 дена по мама - на 26 октомври. И двајцата имаа 46 години. Мама беше вакцинирана, а тато не и немаа дополнителни болести“, изјавила Марија .

Целиот текст читајте го на Фактор тука.

ФОТО: Printscreen/Youtube