Актерката Јелена Јованова, со апел до конфекциските газди: Коронавирусот никако не треба да се потцени

Добивај вести на Viber

Актерката Јелена Јованова сподели емотивен фејсбук статус со кој ги поддржа конфекциските работници во Штип и потребата од нивна заштита во време на коронавирусот кој не е за потценување како што и самата таа вели.

Со статусот упати апел до конфекциските газди дека во овие моменти треба да покажат човечност и совесност, бидејќи една заболена работничка може да значи цел град, сеќавајќи се на условите во кои работела нејзината мајка, пред да отиде во пензија.
Во коментари, нејзиниот апел го поддржаа голем број граѓани согласувајќи се дека потребно е да се донесе одлука за затворање на конфекциите во овој период, бидејќи и тие се изложени на ризикот од коронавирусот, поради условите во кои работат, како што таа вели стуткани една до друга, припиени до машините за шиење.

Нејзиниот фејсбук статус во целост: