Коса врзана во опавче, широки панталони, маска: Никој не го препозна Бред Пит на улица во Брисел

Со лежерна прошетка низ Брисел, Бред Пит ги изненадил жителите на тој град.

Вечниот заводник опуштено се прошетал низ главниот град на Белгија и воедно посетил локални туристички атракции и музеи.

Славниот актер за лежерна прошетка облекол широки панталони, кошула, очила и маска, а она кое на многумина им падна во очи е дека ја пуштил косата, и сега ја носи во опавче.


Бред бил во посета на Брисел за да присуствува на отворањето на изложба на неговиот пријател, а медиумите го сликале благодарение на дојава, пренесе Брисел тудеј.

Пред хотелот во кој престојувал, веднаш се собрале неговите обожаватели со надеж дека ќе го сретнат.

Фото: Профимедиа