Кошула-фустан е апсолутен хит ова лето: Парче што прилега на секоја фигура
Во мода беа уште минатата сезона, а очекувано се вратија и оваа. Дефинитвно е сигурно дека ова парче доминира низ улиците ова лето
Фустаните кои изгледаат како долги кошули во краток рок ги освоија симпатиите на бројни фанови на модата кои сигурно уште некое време нема да се откажат од ова практично и шик парче кое може да се носи од утро до вечер.
Mango Кошула-фустан, 2290 денари
Ако судиме според уличната мода од светските модни метрополи, кај Инстаграм девојките, но и во понудата на продавниците, кошулата-фустан доминира во модните трендови.
Нивната магија е во тоа што истовремено се класични и модерни, едноставни и ефектни па лесно може да глумат и деловно и лежерно парче, што најмногу зависи од изборот на обувки.
Mango Кошула-фустан, 1990 денариВо прилог ви оди тоа што може да ги најдете во разни должини, кроеви, дезени и бои, а може да ги комбинирате буквално со сѐ.
Без разлика дали се предимензионирани, деконструирани, пругасти, точкасти, долги, кратки или во ретро крој, овие фустани се летен „must have“ модел кој мора да го имате.
Mango Кошула-фустан, 1490 денари
Прилегаат на секоја женска фигура, затоа не се двоумете.