Костими и комбинезони: Александра Радовиќ носи исти креации во различни бои
Во петокот на концертот што се одржа во ВИП Арената „Борис Трајковски“, многу фанови од земјава и од регионот, во еден здив ги пееја најголемите хитови на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.
Од балканските ѕвезди во чест на Тоше, настапи и Александра Радовиќ. Таа емотивно ја изведе една од најубавите балади на Тоше, песната „Чија си“.
Како и секогаш, Александра изгледаше одлично. Во костим со бебешка розова боја, 44-годишната пејачка ја истакна својата совршена фигура, надополнета со претпознатливата и нејзина омилена фризура со локни.
Пејачката сака да носи креации на домашни дизајнери, како за концертот на Тоше, така и за гостување во емисијата на Иван Ивановиќ, таа носеше потполно иста креација на костим, само во црвена боја, дело на дизајнеркарта Билјана Типсаревиќ.
Радовиќ, која е мајка на ќерката Нина, и пејачка со врвни хитови, е елегантна дама која повеќе обожува панталони отколку фустани. Во време кога креациите како пижами се хит број еден во светот, пејачката точно знае како да го прати овој светки тренд. Ја видовме во модна креација со бела боја и интересни детали, дело на Балашевиќ.
Но истотака и во црна боја со цветни детали, дело на Предраг Ѓукниќ.
Судејќи по фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил, Ѓукниќ е еден од омилените модни дизајнери на Александра, а особено му верува кога станува збор за комбинезони.
Сепак српската пејачка може да ја видиме и во фустани, и тоа повторно дело на домашната дизајнерка Балашевиќ.
Но и кога не е облечена за јавен настап, Александра Радовиќ изгледа супер. Таа негува едноставен, но урбан стил и факт е дека нема да ѝ дадете 44 години.
Д.К.