(ФОТО) Хит ова лето: Костими за капење кои го кријат вишокот килограми
Постојаната грижа и нервирање, прекумерното јадење и лежење по дома си го донесоа своето... вишок килограми пред старт на летото, сезоната на костими за капење. Иако можеби сте скептични и мислите дека ова лето нема да биде како претходните, и нема да се сончате или пак капите на плажа, не очајувајте и останете позитивни! Токму за тоа ќе ви помогнеме со одличен избор на костими за капење, кои го покриваат вишокот килограми кои сте ги добиле во карантин.
Како најважен дел од летната сезона, костимите за капење се „модно парче“ без кое не можеме да го замислиме топлото време, а особено летниот одмор.
Иако воглавно се носи на плажа или на базен, костимот за капење може да го покаже вашиот стил на едноставен начин, па затоа е многу важно каков модел ќе изберете. Покрај тоа што е важна силуетата, бидејќи треба убаво да ги истакнете вашите облини- во него треба и да се чувствувате удобно.
Нудиме две опции - шик едноделни костими за капење или пак дводелни костими за капење со висок струк во ретро стил.
1. Едноделните костими за капење се идеален избор за скоро секоја женска фигура, зависно каков ефект сакате да постигнете. Оние од затворен тип кои се идеални за пополни девојки. Ги кријат деловите кои помалку сакате да истакнете, а изгледаат неверојатно.
Ако оваа сезона одлучите да го следите светскиот тренд и да се откажете од бикини, имајте на ум дека класичните кроеви на костими од еден дел сепак го потиснаа малку поинаквиот едноделен модел кој на вашето летно издание му даваат посебна стилска и софистицирана нота што со бикини не можете да ја постигнете.
Предноста на овие модели е што ги покрива недостатоците, односно доколку сакате да го покриете стомакот, имате можност да одберете костим кој е со понагласено деколте, а доколку пак сакате да ги истакнете долгите нозе, ќе изберете костим како моделите кои беа актуелни во 90-тите години.
2. Ова лето апсолутен хит се ретро дводелните костими за капење со висок струк, кои го евоцираат стилот на филмската икона, Мерилин Монро. За разлика од минијатурните и едноделни костими за капење кои повеќе откриваат отколку што покриваат, овој модел на бикини е совршен за покривање на ситните неправилности.
Покрај долниот дел кој е со висок струк и кој всушност го дава ефектот на ретро стил, горниот дел од бикините варира во однос на дизајнот и деталите, па така покрај еднобојните модели, актуелни се и оние со цветен дезен, шарени, со панделки, но и ремени.
Совршено се комбинираат и со кратки панталони, па може да се искористат и за кежуал прошетки по плажа.