Ковид-19 останува на рацете пет пати подолго од грипот: Уште еден доказ колку е опасен

Добивај вести на Viber

Коронавирусот е активен на човечката кожа девет часа, пет пати подолго од вирусот на грип, открија јапонски научници, а нивното откритие повторно укажува на потребата од често миење на рацете за да се бориме против пандемијата COVID-19 што е можно поефикасно.

За споредба, патогенот што предизвикува кожен грип преживеал околу 1,8 часа, според студијата објавена во октомври во списанието „Clinical Infectious Diseases“.

Деветчасовното преживување на SARS-CoV-2 на човечка кожа, вид на вирус што предизвикува КОВИД-19, може да го зголеми ризикот од негово пренесување преку контакт во споредба со IAV, вирусот на грип А, со што ќе се забрза ширењето на пандемијата, предупредуваат јапонските научници.

Во нивната студија, тие тестирале примероци на кожа земени за време на обдукција, приближно еден ден по смртта на пациентот.

И коронавирусот и вирусот на грип се деактивираат во рок од 15 секунди со примена на етанол што се наоѓа во средства за дезинфекција на рацете.

Подолгото преживување на SARS-CoV-2 на кожата го зголемува ризикот од пренесување со контакт, но редовната хигиена на рацете може да го намали тој ризик, се вели во студијата.

Студијата ги поддржува и охрабрува препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за редовно и темелно миење на рацете за да се ограничи преносот на вирусот.

Според АФП, од избувнувањето на пандемијата во Кина на крајот на минатата година до денес, регистрирани се најмалку 1.105.691 смртни случаи ширум светот како резултат на КОВИД-19 и скоро 39,4 милиони случаи на инфекција.