КОВИДОТ ОСТАВA ТРАГИ ПО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ: По прележувањето на вирусот, многу луѓе се борат со депресија
По прележување на коронавирусот, многу луѓе се борат со депресија, панички напади, анксиозност.
Ова го потврдуваат психолозите и психијатрите кои советуваат засегнатите да не чекаат, туку да побараат стручна помош. Велат дека луѓето кога ќе се заразат, се опседнати со негативни емоции, размислуваат за тешки последици по здравјето, но и за смртта. Пост ковид депресијата може да го попречи нормалното функционирање на луѓето, и да влијае на нивната концентрација при работа. Стручните лица раскажуваат дека има многу луѓе кои самите биле заразени, но воедно имале и смртен случај во семејството како последица на вирусот.
„Луѓето се во голема неизвесност поради вирусот затоа што тоа не е обична настинка. Размислуваат за смртта, си прават морбидни сцени, размислуваат за здравите органи кои вирусот ги напаѓа и за последиците. Едноставно треба да си направат еден филтер на вести кои ќе ги примаат. Има многу видови на депресија и таа може да се третира со психотерапија и со медикаменти. Луѓето да не мислат дека само од себе ќе помине, туку потреба е терапија. Но, многу зависи и од тоа каква била психолошката состојба на луѓето претходно. Има луѓе кои се со повисока самодоверба, и кои полесно ќе се носат со таа психолошка состојба“, вели психологот Милка Ололоска.
Детали на Фактор тука.