Кожувчанка ДОО донираше апарат за чистење на Нефролошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести

Добивај вести на Viber

Дека Кожувчанка ДОО е една од лидерите кога станува збор за општествено одговорна компанија, потврдува и новата донација која компанијата ја прави во одделот за Нефрологија при Универзитетската клиника за детски болести.

Кожувчанка ДОО во вредност од 218.300 денара донираше машина за дневно чистење и сушење на подна површина.

„Благодарност до Кожувчанка за донацијата на Клиниката за Нефрологија која доаѓа во услови кога здравствениот систем се соочува со најголемата опасност во современиот свет. Дадената донација ќе помогне да се подигне нивото во заштитата од инфекции во делот каде се третираат најтешките пациенти со бубрежни заболувања” – изјави директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ.