КРАЈ ЗА РОАМИНГОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Познат датумот од кога се укинува надоместот во регионот

Добивај вести на Viber

Надоместокот за роаминг во земјите од регионот целосно ќе исчезне од 1 јули, што ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу .

 Исто така, за да напредува регионот, потребно е да се укине визниот режим и да се создаде единствен пазар.

Забележано е дека младите во регионот сметаат дека олеснувањето на роамингот е корисно како и слободата на движење, поради што, како што рече Бергу, тоа ќе биде одлична порака и за нив.

Со оглед на тоа што пандемијата влијаеше на економскиот развој на земјите, Советот за регионална соработка проценува дека подобрата соработка меѓу нив може да заштеди значително.