Кралицата Летиција нема проблем да облече исти парчиња повеќе пати: Повторно заблеска во авангардното асиметрично здолниште

Добивај вести на Viber

Шпанската кралица повторно покажува дека стилот и е во крвта

Шпанската кралица Летиција (49) отпатува за Сан Себастијан, каде присуствуваше на годишниот собир на директорите на Институтот Сервантес, кој се одржа во локалниот културен центар. Ова беше нејзината последна службена должност оваа година.

За оваа прилика, убавата шпанска кралица носеше докажана деловна облека која веќе ја има носено.


Кралицата спои едноставна црна кошула со карирано асиметрично здолниште и класични црни салонки.


Во аутфитот доминира здолништето, а се работи за модел на шпанскиот бренд Massimo Duti, кој веќе го носела во различни пригоди.


Со оглед на тоа што е направено од волна, ова здолниште е совршено за зимскиот период. Дамите кои се секогаш смрзнети во зима секогаш бараат најтопли можни модели, а што е потопло од волната.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм-screenshoot- teatimewithroyals

Кејт Мидлтон никогаш не би смеела да го облече: Летиција од Шпанија демонстрира како се носи сексапилен кожен миди-фустан (ФОТО)