Кралот Чарлс ја исполни последната желба на својот татко: Тој направи потег со кој сигурно би ја израдувал и покојната кралица

Кралот Чарлс III ги награди својот помлад брат, принцот Едвард и неговата сопруга Софи со нова титула...

Кралот Чарлс (74) на својот помлад брат, принцот Едвард му даде посебен подарок за неговиот 59 роденден, кој го слави денес, а притоа ја оствари и желбата на нивниот татко.

Имено, го именуваше во војводата од Единбург, а станува збор за титула која ја носеше нивниот покоен татко, принцот Филип, кој почина на 9 април 2021 година. Едвард беше награден откако презеде низа обврски од својот татко, меѓу кои и грижата за добротворната награда „The Duke of Edinburgh Award“ која е посветена на младите луѓе.

„Новите војвода и војвотка од Единбург се горди што го продолжуваат наследството на принцот Филип во промовирањето на можностите за младите луѓе од сите средини да го достигнат својот целосен потенција“ - се вели во соопштението од Бакингемската палата.

Секако, освен Едвард, унапредена е и неговата споруга Софи (58), која стана новата војвотка од Единбург. Таа е во брак со помладиот брат на кралот од 1999 година и имаат син и ќерка, а е добро позната по својата пристапност. Покојната кралица Елизабета Втора ја сметаше за најсигурна личност од потесното кралско семејство.

Со оглед на тоа, не е чудно што Чарлс одлучил да ги награди сопружниците кои создавале најмалку проблеми сите овие години, а во исто време има намера да го намали бројот на членовите на кралското семејство кои активно ќе работат. Со тоа ќе се намалат трошоците и верува дека тоа ќе наиде на наклонетост кај јавноста, а верува дека тоа води и кон модернизација на монархијата.

фото: Profimedia