Кралското семејство беше загрижено за бојата на кожата на нивните деца: Принцот Хари и Меган Маркл објавија фотографија од малата Лилибет

Фото: Profimedia

Второто дете на војводата и војвотката од Сасекс го прослави својот прв роденден, а двојката реши за таа прилика да го покаже на светот, по втор пат од раѓањето на девојчето.

Минатата пролет, војвотката од Сасекс Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, го роди нивното второ дете - девојче по име Лилибет, име добиено по бабата на Хари и кралица Елизабета Втора.

Оттогаш Хари и Меган само еднаш ја покажаа својата ќерка, а сега решија повторно да ѝ покажат на планетата како изгледа нивната сакана.

View this post on Instagram

A post shared by Meghan and Harry (@archwellorg)


Фотографијата на малата Лилибет е направена на интимна семејна прослава по повод нејзиниот роденден на имотот „Фрогмор котиџ“ во Англија, за време на престојот на семејството во Европа за одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.

Ја направил Мисан Хариман, пријател на семејството, а на фотографијата ја гледаме Лилибет во светло син фустан и со машна на главата, како седи во тревата насмеана.

На прв поглед е јасно дека девојчето повеќе личи на својот татко од кој ја наследило црвената коса и обликот на лице, исто како и нејзиниот постар брат Арчи.

View this post on Instagram

A post shared by Lili Diana (@lilibet.diana.mw)


Тие, инаку, претпочитаат да го спасат своето семејство од медиумското внимание уште од раѓањето на нивното прво дете, па Арчи досега го покажаа само неколку пати, а Лилибет сега ја гледаме по втор пат.

Како што истакна Меган во интервју за Опра, неименувана личност во британското кралско семејство изразила загриженост за тоа како ќе изгледаат нивните деца, наводно поради расистички мотиви, бидејќи мајката на Меган е Афроамериканка.

View this post on Instagram

A post shared by Francisco Campelo (@colunadocampellooficial)


Лилибет го прославила својот прв роденден на „лежерен и интимен пикник во дворот“, кој бил организиран за блиски пријатели и членови на семејството, а британските медиуми пишуваат дека биле поканети и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но не се појавиле на прославата бидејќи имале обврски.

View this post on Instagram

A post shared by Meghan and Harry (@archwellorg)



Извор: glossy.espreso.co.rs

*Да беше дете на Меган, ќе ја наречеа најлошата мајка на светот: Видеото од Кејт Мидлтон и принцот Луис ја подели јавноста