Моден фокус // Шминка
Креативни идеи со шминка за „Halloween“: Доколку одите на забава за „Ноќта на вештерките“ еве во што да се маскирате (ФОТО)
Halloween или „Ноќта на вештерките“ е празник кој се слави секоја година на 31 октомври и се прославува речиси низ целиот свет.
Ноќта на вештерките ширум светот се одбележува со организнирање на големи забави со маски, а многу луѓе се натпреваруваат и во тоа кој поубаво ќе го издекорира својот двор и дом во духот на овој ден, како и кој ќе има најдобра маска.
Кај нас овој ден се одбележува последниве неколку години, а најчесто дискотеките и кафулињата организираат забави за оние кои имаат желба да се маскираат. Па, доколку сѐ уште немате идеја во што да се маскирате, ви носиме супер креативни и оригинални идеи.