Кремата Бекутан ми е најдобар пријател: Пред огледало со Ива Милошевска
Сопственичката и менаџер на ексклузивниот италијански накит „Rebecca“ во Македонија, Ива Милошевска (23), специјално за „Женски магазин“ ги открива своите ритуали за убавина. Вели дека ретко посетува козметички салони, и дека декоративната козметика и е исклучително важна. Кој е нејзиниот омилен парфем и што носи во несесерот, откријте во продолжение.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Веројатно благодарение на генетиката, никогаш не сум имала проблеми со кожата на лицето. Два до три пати неделно практикувам готови маски за лице за еднократна употреба наменети за хидратација или затегнување. Единствено „правило “ кое го имам е чистење на лицето прво со Бекутан влажни марамчиња, мицеларна вода или нанесување тоник и серум пред спиење.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Кремата Бекутан ми е најдобар пријател долги години. Додека живеев во странство, во недостаток на залихи од Бекутан пробував кремови за лице од некои други странски производители, но секогаш се враќам на добриот стар Бекутан!
* Посетувате ли козметички салони?
- Морам да признам дека козметички салони ретко посетувам, веројатно би се свело на 3 до 4 пати годишно, а кога ќе констатирам дека има потреба тоа е задолжително нашата семејна козметика „Темов“.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Негата на косата ми е особено важна. Заради честитите третирања и експериментирања со колористички техники користам специјална линија за нега на коса од Morrocan Oil кој во својот состав содржи кератин, витамин Е, етерични масла од лаванда, рузмарин, камилица, јојоба и масло од кокос.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
-Декоративната козметика ми е исклучително важна, особено поради фактот што слоевите шминка кои ги нанесуваме на лицето скоро секојдневно се задржуваат на кожата долго време па секогаш настојувам тоа да биде квалитетна и проверена козметика. Никогаш не сум била фан на нападна и агресивна шминка и настојувам шминкањето да го сведам на минимум. Најчесто пробувам да ги прикријам подочниците а воедно и да ги истакнам очите.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Долго време ја користам и не можам без NARS подлогата за шминка. Би ги споменала и сенките на URBAN DECAY и сјајот за усни на Chanel.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Сјајот за усни е задолжителен заедно со кремата за раце. Ги обожувам Le crème main на Chanel a кога ќе се потрошат залихите пред некое патување во странство, оваа крема за раце ја заменувам со кремата за раце со shea путер од L’Occitane. Заради работните обврски, негата на рацете ми е особено важна.
* Кој е Вашиот омилен парфем?
- Без двоумење, веќе неколку години на врвот на листата е Portrait of a Lady од Frederik Malle креиран од Dominique Ropion, насловен по романот на Хенри Џејмс од 1881 година. Иако овој парфем е на врвот на листата најпродавани едиции на куќата Frederik Malle за која работат најдобрите креатори на парфеми во светот, посетата на нивните специјализирани продавници ми е вистинско уживање! Воодушевена сум од филозофијата на брендот и приказната зад него.
* Како ја одржувате линијата?
- Кога станува збор за линијата, генетиката како да го прескокнала овој дел, па затоа особено внимавам на исхраната и (умерена) физичката активност која најчесто е согласно обврските. Иако неретко сум критикувана од своите најблиски заради брзиот начин на живот и начинот на исхрана, добронамерните критики знам да ги прифатам и секогаш поткрепа наоѓам во кујната дома во комбинација со појадокот од „Вега“.
Л. Сабит