Кристална шминка за новогодишна забава: Клои и Ким Кардашијан демонстрираат идеи за спектакуларен изглед

Добивај вести на Viber

Убавицата Клои Кардашијан ни демонстрира идеја за спектакуларна шминка за новогодишна или божиќна забава: шминката со кристали ќе блесне дури и под домашен лустер, а не како што е вообичаено под диско топче (бидејќи поради пандемијата, сите забави се откажани).

Кога, ако не на новогодишната ноќ, можете да ги ослободите креативните желби и да си направите елегантен изглед на шминка во стилот на диско дива?

Ким Кардашијан пак, во стилот на модел од '90-те, ни демонстрира мат smokey eye изглед, подеднакво шик, креативен и неодолив.

За изгледот на двете сестри задолжена беше шминкерката @ash_kholm која не' инспирираа да правиме експерименти со шминка.

Па, и покрај тоа што немаме можност да ги прославиме празниците како и досега, бидете креативни и дотерајте се макар и за по дома.