Моден фокус // Пред огледало
Кристално лице без ботокс и филери на 33 години: Водителката Деа ја откри тајната на убавината
Познатата водителка Анастасија Деа Богдановска е жена која секогаш внимава на својот изглед
Таа е посветена сопруга и мајка, но и секогаш наоѓа време за грижата за себе си и своето тело. Така овој пат објави колку убаво изгледа нејзиното природно лице, буквално како да е кристално, а не станува збор за ботокс и филери.
- 33 години, без ботокс, без филери, козметика без парабен. Да ти можеш - напиша убавата водителка.
Деа често знае да потенцира дека користи природни производи и за себе и за своите две деца кои ги има од бракот со Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит.